ВИСТИНСКО „ШАРЕНИЛО“ ОД ПРОФЕСИИ: Какви кадри заминуваат на работа во странство?
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2025 07:40
Од луѓе со основно до луѓе кои завршиле високо образование, имаме вистинско „шаренило“ на кандидати со различни струки кои заминуваат во странство. Студенти од буквално сите факултети аплицираат и одат да работат надвор од Македонија. Од агенциите за посредување при вработување во странство потврдуваат дека имаат широк дијапазон на струки.
„Кај нас главен фокус е Work and travel. Наш таргет се студентите, кои се редовни или вонредни, а заминуваат на две дестинации, Германија и Хрватска. Таму одат со дозвола. Ги имаме од сите факултети, од сите струки, почнувајќи од медицина, стоматологија, до општествени науки“, велат од агенцијата Посредник 24 од Скопје.
Постојат и луѓе со завршено основно образование кои совладале одреден занает и со помош на своето искуство работат надвор од границите на Македонија.
„Има луѓе со најнизок па сѐ до највисок степен на образование, и со основно и со факултет. Зависи од искуството. Имам сретнато луѓе од сите професии, од електричари до машински инженери, секакви профили. Сум сретнала со основно, со средно, работат најчесто како келнери. Искуството е најбитно, а повеќето работници се млади“, рече Сања Спасевска, која работела во Хрватска.
Но, како што велат од агенциите, кандидатите треба да приложат доказ дека навистина имаат работно искуство во одредена струка.
„Генерално студенти имавме помалку оваа година, имаат некои специфични барања, во однос на временскиот период, што не одговараше со потребите на хотелите во Хрватска. Хигиеничарките можат да бидат без искуство, за собарките треба да имаат искуство, тешка е професијата, физички бара напор. Генерално, сите се со минимум средно училиште. Заминуваат луѓе со завршено средно и со завршен факултет. Може да аплицира било кој. Искуството е пресудно. За хигиеничарка не треба искуство, за другите струки, треба. Потребно е завршено стручно образование, за готвачи и келнери или доказ за минимум 6 месеци искуство, со приложување на стаж“, вели Симона Цветковска, која работи во човечки ресурси во агенцијата Мацедо ХРМ.
Како што претходно пишувавме, меѓу апликантите за работа во странство се случува да има и млади луѓе со магистратури. Илјадници Македонци работат во Хрватска, Германија, Малта, Словенија и други држави во Европа. Она што ги „мами“ се неколкупати повисоките плати. Според податоци објавени лани, работни дозволи во Хрватска имале над 13.000 македонски државјани.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




