Витамини – Кои и кога да ги конзумирате?
Објавено во: Стил 26 Септември, 2014 18:59
Кои витамини треба да ги внесувате зависи од вашиот начин на живот.
Нив ги има во овошјето, зеленчукот, житариците, но некои сакаат да ги внесуваат преку витамински таблети. Пред да купите витамински апчиња консултирајте се со вашиот лекар. Дури и витамините можат да наштетат ако се во премногу големи дози.
Вие пушите и не можете без цигари Што ви е потребно: потребни се сите витамини, особено витаминот Ц Зошто? Витаминот Ц најбрзо се разградува или исфрлува од организмот. Останатите витамини ги неутрализираат токсичните материи кои ги вдушувате од цигарите.
Работите во стресни ситуации Што ви е потребно: снабдете се со витамин од групата Б Зошто? При тензии храната поминува побрзо во стомачниот и дигестивниот тракт и витаминот Д не може да се апсорбира.
Секој ден пиете по 100-150 гр алкохол Што ви е потребно: витамин А, Ц, од групата Б витамини и цинк Зашто? Алкохолот има диуретичен ефект и го забрзува исфрлањето на витамините од телото пред да се апсорбираат од организмот. Витамините од Б групата побрзо го разградуваат алкохолот.Сакате да слабеете Што ви е потребно: Имате потреба од железо Зoшто? Строгата диета може да доведе до анемија. Недостатокот на железо може да предизвика косопас. Ако намалите солта од 10 гр на 5 гр дневно ќе ослабете постепено без диета.
Вегетаријанец сте или едноставно не сакате месо Што ви е потребно: Купете си витамин Б12 и апчиња кои ќе му обезбедат железо на вашиот организам. Зошто? Колку и да внесувате храна богата со железо, нема да можете да го обезбедите потребното количество.
Планирате за забремените
Што ви е потрeбно: Фолна киселина, цинк, селен кои ќе го зајакнат вашето тело Зошто? Подготовката за бременост треба да ја направите 6 месеци порано. Исто така и вашиот партнер има потреба од цинк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





