15 Мај, 2024
0.0370

Витаминка ги применува највисоките производни стандарди за безбедност на храна

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

 Најголемата прехранбена индустрија во земјава, Витаминка ги применува најновите стандарди за безбедност на храна. Стандардизацијата на производството и имплементирањето на принципите, позитивно се одразуваат врз производството, стекнувањето доверба од потрошувачите и на подобрата позиционираност на пазарот.

На денешниот настан во Стопанска комора на Македонија, на тема Меѓународниот стандард за безбедност на храната – поголема доверба и конкурентност на компаниите,Витаминка е издвоена како компанија што навремено и доследно ги внесува новите стандарди и беа посочени предностите што применувањето на стандардите ги носи за компаниите во производниот сектор.

За исполнување на овие принципи Витаминка има воспоставено и доследно го применува и подобрува Системот за управување со квалитет и животна средина усогласен со барањата на стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, Системот за анализа на ризикот во критичните контролни точки - HACCP систем, усогласен со принципите и препораките на Codex Alimentarius Commission и Светската здравствена организација, како и системот за безбедност на храната во согласност со IFS стандардот, секако почитувајќи ги притоа сите важечки законски прописи. Сите стандарди кои се однесуваат на управување со процесот, следење на набавниот и производниот синџир, складирање и доставување, редовно и навремено се надградуваат следејќи ги најскорешните препораки и промените наметнати од потребите за што поголема безбедноста на производите“, вели Олга Ристеска, Координатор за обезбедување квалитет во Витаминка.

Напредниот ISO 22000 стандард, којшто лесно се интегрира со останатите меѓународни стандарди, коишто даваат поголем акцент на организацијата и управувањето со ризици и можности, во фабриката на Витаминка за производството на сончогледово масло, Брилијант е веќе имплементиран а во текот на 2019 година предвидена е целосна имплементација и сертификација на овој стандард по новата верзија 2018 на ниво на цела компанија.

Раното внесување на ISO 22000:2005 како и применување на принципите на кои се базира, даде многу позитивни резултати и иницираше конструктивни промени. Ни овозможи јасно да ги дефинираме одговорностите и надлежностите на сите вработените, ја зголемивме свесноста околу прашањата за хигиена и безбеден производ. Воспоставивме квалитетен однос со купувачите, добавувачите и вработените. Обезбедивме следливост како најважен дел, го проширивме пазарот и продажбата на масло без ниту една рекламација. Безбедниот производ е најважното прашање во меѓународната трговија и тоа мора да се почитува“, вели Жаклина Георгиева, Шеф на лабораторија Фабрика 3 Брилијант.

ISO 22000:2018 е првиот стандард кој може да се користи од страна на сите учесници во синџирот на снабдување со храна, познат како „од нива до трпеза“ и ги вклучува и добавувачите на непрехранбените производи и услуги, како што се производители на опрема и пакување, како и даватели на логистичките услуги. Целта на стандардот, новоревидираниот ISO 22000:2018 е да се усогласат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехранбената индустрија и индустриите поврзани со неа и официјално да се утврдат елементите кои влегуваат во состав на еден систем за управување со безбедноста на храната. Овој стандард е развиен на ист начин како и другите стандарди за системи на управување, а пред сè ја потенцира безбедноста на храната, но обезбедува и можност за демонстрирање ефективност, ефикасност и континуирано подобрување на компанијата во сопственото работење“, вели Емилија Тодоровска, самостоен советник во Спопанска комора на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година