25 Ноември, 2024
0.0258

„Витаминка“ се фокусира на домашниот пазар! Колку порасна продажбата лани?

Објавено во: Економија 17 Март, 2021

Добивај вести на Viber

„Витаминка“ се зацврсти на домашниот пазар како баран бренд производител на храна и кондиторски производи. Продажбата дома, во исклучително силна конкуренција на домашни и странски производители во корона услови, достигна 25,85 милиони евра и тоа е најдобрата вест од финанските показатели за лани. Оперативната добивка била 800.000 евра што е подобро за 2 отсто од 2019 година

Најголемата македонска кондиторска индустрија лани успеа да ја зголеми продажбата на домашен пазар за 11 отсто во споредба со претходната година. Генерално од другите параметри издвојуваме дека „Витаминка“ има пад на извозот за 10 отсто (очекувано со оглед на состојбата со корона кризата), добивка од 223.000 евра 21 отсто помалку од 2019 година, зголемена кредитната изложеност и 2,25 милиони евра нови инвстиции во производствениот процес.

Приходите од продажба на „Витаминка“лани изнесувале 40,5 милиони евра што е за 2 отсто подобар резултат од претходната година. Растот на приходите од продажба се должи на зголемувањето на продажбата дома која во вкупните приходи учествува со 25,85 милиони евра и е за 11 отсто подобра од 2019 година. Извозот на „Витаминка“ лани е намален за 10 отсто и изнесува 14,67 милиони евра, што и не е изненадувачки резултат со оглед на бројните ограничувања кои се на сила веќе една година, а кои ги наметна здравствената пандемија.

Оперативните расходи за минатата година изнесуваат 40,8 милиони евра и се за само 1 отсто повисоки од 2019 година. Најголемата расходна ставка се набавките за суровини и други материјали кои изнесуваат 25 милиони евра што е исто ниво како и претходната споредбена година. Трошоците за вработени лани изнесувале 6,2 милиони евра и тие се втора најголема расходна ставка. Услугите со карактер на материјални трошоци се на ниво од 3,3 милиони евра и се зголемени за 10 отсто. Оперативната добивка на друштвото лани е 800.000 евра и е за 2 отсто поголема од претходната година.

Финансиските расходи на „Витаминка“ лани се зголемени за 24 отсто и изнесувале 663.000 евра, а финансиските приходи биле удвоени и изнесувале 122.000 евра. Нето добивката на прилепската компанија лани е 223.000 евра што е за 21 отсто помалку од 2019 година.

На страната на билансот на состојба лани најзначни за истакнување се овие параметри: побарувањата од купувачи на крај на декември лани изнесувале 6,9 милиони евра, а обврските на друштвото достигнале 26 милиони евра што е за 10 отсто повеќе од претходната споредбена година. Долгорочните обврски на крај на декември 2020 година биле на ниво од 16,8 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто