08 Јули, 2024
0.0260

ВКЛУЧЕН Е АЛАРМОТ: Силно невреме ќе ја зафати централна Македонија вечерва!

Објавено во: Македонија 05 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски предупредува за невремето кое пристигна во земјава.

„ Во моментов од запад кон исток се преместува голема влажна и нестабилна воздушна маса, и истата е поврзана со студениот фронт од север, како и со циклонската активност со центар над Џеносвскиот залив, над Италија и над Јадранот.

Во најголем дел од државава поројните врнежи од дожд, проследени со грмежи и силен ветер продолжуваат. Локално ќе има појава на изразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен. И во Скопскиот регион ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме.

Најсилно невремето ќе биде во централните и во источните предели од државава. Можни се штети и поплави поради очекуваните интензивни врнежи и невремето. Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.

Од утре па во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво, но значително посвежо и со засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните температури на многу места нема да се искачуваат повеќе од 25 степени, понекаде тие ќе бидат дури и под 25 степени, а во централните и во југоисточните предели до околу или малку над 30 степени.

Минималните температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени, што значи пред нас е многу посвежо време, со многу посвежи утра, вистински горештини и екстремно високи температури нема на видик.

Очекуваме ваши фотографии доколку во вашето населено место има појава на невреме, или не дај Господе штети!“, напиша тој.

ФОТО:Метеоаларм


Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор