19 Декември, 2025
0.0208

ВЛАДА: Кои ќе бидат новите министри?

Објавено во: 06 Јуни, 2014 20:19

Добивај вести на Viber

Финанскиот експерт Горан Мицковски ќе биде нов министер за странски инвестиции, неофицијално се дознава. Тој е финансиски експерт кој работел на високи позиции во големи меѓународни банки, а доаѓа од Лондон каде работи како консултант за стратегиско банкарство.

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја договорија распределбата на ресорите во новата Влада. Од она што неофицијално може да се дознае ДУИ го отстапува Министерството за одбрана, каде што веројатно нов министер ќе биде Емил Димитриев, а за сметка на тоа го добиба Министерството за труд и социјална политика, каде во следниот мандат ќе седи Беким Незири.

Од челната позиција на Министерството за земјоделство најверојатно си оди Љупчо Димовски, а како негов наследник се споменува поранешниот ВД директор на Злетовица Михаил Цветков.

Своите позиции во новата Влада речиси е сигурно дека ќе ги задржат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски.

Сепак и двете партии остануваат на ставот дека имињата на новите министри нема да ги обелоденуваат додека не бидат официјализирани како кандидати.