Влада: Протестот на мајките е беспредметен
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020
Владата по одлуката да не го продолжи породилното отуство на мајките денеска излезе со реакција коментирајќи го денешниот најавен протест како беспредметен. Според одлуката од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. Мајките инаку го најавија протестот за денес од 17.30 до 19.30 пред Влада, а станува збор за родители кои се на постпородилно отсуство и родители на деца до 6 години.
„Со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот КОВИД-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата“, соопштија од Владата.
„Дополнително, во координација со Комисијата за заразни болести донесена е и Одлука за проширување на капацитетите на групите во градинките од 0 до 2 години, на по 12 деца во група, со што јавните установи за згрижување на деца имаат капацитет целосно да ги згрижат децата на мајките кои до сега користеа продолжено породилно отсуство.
Владата им препорачала на општините како основачи на градинките, во согласност со Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејноста на установите за деца, да обезбедат соодветно решение.
Анализите покажуваат дека во согласност со мерките предвидени во Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца“, се додава во реакцијата.
Според информациите од надлежното Министерство за труд и социјална политика дел од родителите што веќе ги пријавија децата, изминатиот период не ги носеа децата во градинка.
„Затоа Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да утврдат дали овие деца ќе престојуваат во градинките, со единствена цел во јавните установи за згрижување деца да бидат згрижени сите деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, односно оние на кои тоа им е неопходно“, гласи во соопштението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.