ВЛАДАТА БАРА СОВЕТНИК ЗА ПРЕМИЕРОТ – платата воопшто не е за потценување, но има една „финта“
Објавено во: Економија 15 Мај, 2025 07:46
Владата бара кандидати за советување на премиерот на теми од областа на административните прашања. Платата која ја најавуваат воопшто не е за потценување, имајќи ги предвид платите во приватниот сектор, но има една „цака“.
Огласот кој веќе поставен на веб страната на Владата на Македонија, и кој важи уште три дена е интерен оглас и е наменет за унапредување на административен службеник во канцеларијата на претседателот на Владата.
Примањата, како што е објавено во огласот ќе надминуваат 45 илјади денари, а работното место за кое е објавен огласот е Државен советник за стручно административни прашања.
За оваа позиција се бара еден извршител, кој мора да има високо образование од областа на општествените науки, но се бара да има шест години работно искуство во струката и најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор.
Кандидатите кои сакаат да го советуваат Премиерот мора да имаат солидно познавање на еден од трите светски најчесто користени јазици, а плата како што е наведно во огласот, ќе изнесува точно 45.530 денари.
Идниот советник според објавата мора да ги исполни и вообичаените услови за работа во администрација а тоа се: да е државјанин на Македонија и активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, но и да нема судска пресуда забрана за вршење професија, но и други услови.
Според огласот, неговото работно време ќе биде вообичаено како и за останатите административни работници, поточно работно време ќе му биде од понеделник до петок, 40 работни часови и ќе почнува некаде меѓу 07:30-8:30 и ќе трае до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
- На интерниот оглас можат да се пријават вработени во Канцеларијата на претседателот на Владата кои ги исполнуваат општите услови и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и правилникот за систематизација на работни места во Канцеларијата на претседателот – се наведува во објавата.
Воедно тие со пријавата кандидатите можат да приложат и потврди за успешно реализирани обуки и/или потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)
- Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот – е напоменато во огласот.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




