19 Декември, 2025
0.0440

Владата бараше 70,6 а се задолжи близу 50 милиони евра

Објавено во: Економија 03 Мај, 2016 15:49

Добивај вести на Viber

21,7 милиони евра помалку од планираното се задолжи денеска државата.

Имено, Министерството за финансии бараше 70, 6 милиони евра од домашните кредитори но успеа да собере само  48,9 милиони евра.

Врз основа на достасани државни хартии од вредност Владата утре пак треба да им врати домашните кредитори нешто повеќе од 101 милиони евра.

Според последните податоци заклучно првиот кваратал од годинава јавниот долг изнесува 4 милијарди 382 милиони евра или 45% од бруто домашниот производ.

Јавниот долг, во апсолутен износ, на крајот на 2010 година изнесувал 1.936 милијарди евра, а на крајот на 2015 достигнал 4.227 милијарди. Тоа значи дека пораснал за вкупно 2.3 милијарди евра. Кога тоа ќе се подели со бројот на денови во овој период (1896), се добива дека секој ден растел во просек за 1.25 милиони евра. Тоа значи дека секој час растел просечно за 52 илјади евра, односно 15 евра просечно во секоја секунда.

dolg1

Наумов-Клиентите на домашниот пазар полека ја подигаат кочницата

За денешното задолжување  дополнителниот заменик министер во оставка, Кире Наумов вели дека Банките кои заклучно со месец март 2016 година се сопственици на 46,46% од недостасаните државни хартии од вредност полека ја подигаат кочницата.

Наумов вели дека станува јасно зошто каматните биле покачени за повеќе од 60% во последните 365 дена .

„Јавните финансии ни одблиску не се во состојба, каква креаторите на економските политики очајно се трудат да ја прикажат на граѓаните. Потврда за тоа денес пристигна и од финансискиот сектор.

Под притисокот од стручната јавност и од опозицијата, а секако и поради сопствените проценки,  клиентите на домашниот пазар полека се повлекуваат од запишувањето на државни хартии од вредност, а со тоа се зауздува и галопирачкото темпо на јавниот долг, кој заклучно со месец март 2016 година изнесува 4.33 милијарди евра, односно 47.2% од БДП, доколку би се пресметувал според методологијата прифатена во земјите на Европската Унија“, додава Наумов.

На овој линк овде може да го следите бројачот на јавниот долг во живо и сами да гледате колку изнесува секоја секунда.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра