17 Мај, 2024
0.0296

Владата даде согласност на договорот на „Пошта на Северна Македонија“ со Халкбанк АД Скопје

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

На денешната 26-та седница е донесена Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје.

„Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71% за „Пошта на Северна Македонија“ со 29% за Халкбанк АД Скопје“, информираат од Владата.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје во услови на пандемија со КОВИД-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и ја донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради исплата на плати на вработените.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија