Владата ги спасуваше Национални шуми и АД Пошта од финансиска криза пред Нова Година
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2022 07:32
Владата преку одлука за превземање на итни мерки на крајот од
минатата година со вбризгување на средстава спасувала од финансиска криза
неколку јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.
Најмногу пари во последните денови од 2021 добило ЈП Национални Шуми, на чија сметка легнале 167 милиони денари, или 2,67 милиони евра. Јавното претпријатие инаку работи самофинансирачки, но од 2020 започна да работи со евидентни загуби.
Владата повторно со иста сума и минатата година ја помогнала АД Пошта на Северна Македонија. На 28 декември исплатила 91 милиони денари, или 1,5 милиони евра за работењето на државниот поштенски оператор. АД Пошта доби пари од Владата и во 2020, годината која ја заврши со загуба иако заради корона кризата и беа одобрени субвенции во износ од речиси 2 милиони евра.
„Фактор“ веќе објави дека АД „Водостопанство“, претпријатието за наводнување и одводнување, доби 100 милиони денари пред Нова Година поради проблемите со кои се соочува. Еднаш веќе доби 600.000 евра од Владата на крајот од 2020 за полесно справување со последиците од пандемијата.
Национални железници Транспорт на 24 декември од Владата добил милион евра, но во последниот ден од 2021 на сметката биле префрлени уште дополнителни 20 милиони денари.
Пред крајот на изминатата година 20 милиони денари од Владаста и биле префрлени на „Македонија пат“, иако ова претпријатие за одржување на регионалните и магистралните патишта вообичаено се финансира од буџетот на ЈП Државни патишта. 15 милиони денари му биле доделени и на спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ кој е во сопственост на Владата, но има свој самофинансирачки буџет.
Владата на почетокот од декември донесе предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Со оваа одлука требаше да им се дадат пари за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




