19 Мај, 2024
0.0271

Владата го „аминуваше“ буџетот, на потег се пратениците

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија без поголеми задржување уште на вчерашната редовна седница го усвои предлот Буџетот за 2018 година поднесен од страна на Министерството за финансии и речиси да немаше никакви дополнителни забелешки. Со тоа завршен е и првиот официјален чекор во носење на првиот буџет на СДСМ и нивната владина коалиција за првиот буџет кој самите ќе го скројат и ќе може да го прилагодат на политиките и ветувањата кои ги дадоа за време на изборната кампања. 

Владата на Република Македонија донесе и заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

Досега министерот за финансии Драган Тевдовски одржа две јавни промоции на предлог буџетот за наредната година пред бизнисмените и невладиниот сектор, но самата структура на буџетот со однапред утврдените и неизбежни ставки не остави премногу простор за сугестии, изненадувања или неочекувани политики.

Според првичната анализа по ставки која ја направивме и натаму најголем дел од буџетските расходи ќе одат на контото на плати и придонеси за јавната администрација, за пензии, социјални трансфери, субвенции и државна помош.

Што се однесува пак, досега од најголемите пречки што не и се допаднаа и на јавноста е најавата за зголемување на акцизата за дизел горивата за 3 денари или 24% тотал од следната година со што се планира да се соберат повеќе пари за да се осигураат дупките во буџетот.

Сега поголем предизвик ќе биде буџетот да помине низ сите собраниски процедури и да се изгласа до крајот на годината за да нема фискални доцнења и низвршени владини обврски. Така најпрво предлог буџетот на Република Македонија ќе го разгледува соодветната собраниска комисија и уште на старт опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ но, и сите јавни фактори ќе имаат можност да дадат свои предлози или сугестии, или пак прилика да ја одолговлечат дебатата од политички причини.  

На оваа седница владата го разгледа и усвои и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

На предлог на Министерството за финансии, владата на оваа седница го разгледа и усвои документот за  Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа