19 Декември, 2025
0.0449

Владата го повлече законот за солидарен данок од Собрание

Објавено во: Економија 06 Јули, 2023 14:49

Добивај вести на Viber

Владата го повлекла предлог-законот за данок на солидарност од собраниска процедура, објавија денеска  претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, потпретседателот Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев. 

Со ова законско решение треба дополнително да се оданочат големите фирми кои за време на кризата се стекнале со дополнително богатство во однос на претходните години.

Како што соопшти комората на стопанствениците, Владата го испочитувала барањето на бизнис секторот и го повлекла Предлог-законот од законска процедура. Решението не е целосно повлечено, односно најверојатно ќе оди на доработка со претходни разговори со бизнис секторот.

- Владата не послуша, го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но ние бараме не само да се повлече, туку и да се запре целосно неговото натамошно процесуирање. Очекуваме, ако го повлечле законот и ако сакаат повторно да го активираат, прво да разговараат со бизнисот. Мора да престане практиката на носење закони по брза постапка. Имаме 250 странски инвеститори и 15 000 наши членки кои бараат систем и предвидливост. За бизнисот тоа е клучно. Никој не е против да плаќа даноци, но не може преку ноќ да се менуваат правилата. Тоа што ќе се договори, треба и да се имплементира, објави Азески.

Пешев додаде дека комората  силно се противи на паушалната употреба на европското знаменце за донесување на законите.




Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?