05 Декември, 2025
0.0633

Владата им ја одзеде дозволата за одгледување канабис на Заеви

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2022 07:36

Добивај вести на Viber

Влада со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев - Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.

Компанијата од Валандово од 18 октомври има одлука за „престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“.

Одлуката стапила на сила од 22 октомври. Се уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но соопштена е во „Службен весник“. Фарма Медика Канабис лиценца за одгледување на канабис од Владата добила во 2018.

„1.Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Северна Македонија", објавено е во Службен Весник.

Заев претходно во 2019, според она што е напишано во медиумите, на пратенички прашања во Собранието, објавил дека инвестиците на неговите братучеди во оваа дејност треба да достигнат десетина милиони евра, бидејќи со закон „е дозволено да се произведува лек од канабис“ Тој ги повикуваше и сите инвеститори, кои имаат можност, да инвестираат во оваа дејност „зошто е профиталбилна“ и дека државата очекува нови работни места и прилив од стотици милиони евра.

Компанијата откако ќе поднесе барање за добивање на лиценца до Министерството за здравство, министерот формира посебна комисија составена од двајца претставници од Министерството за здравство, еден претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, еден претставник од Агенцијата за лекови и медицински стедства и еден специјалист од областа на лековити растенија, која ги оценува исполнетите условите во однос на просторот, опремата и кадарот. Министерството за здравство во рок од 30 дена од денот на добиената согласност од Владата го издава одобрението за одгледување.

Според актот на одземање на дозволата, Фарма Медика Канабис има иста судбина како американската „5 Летерс“, досега најпознатата компанија на која и е одземена лиценцата. Министерството за здравство и Комисијата која ги издава лиценците при контрола на почетокот од 2021 утврди дека дел од прозводството било без дозвола, при што Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 Летерс“ лоцирана во селото Алданци, Крушево.

Александар Кузмановски


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања