19 Декември, 2025
0.0525

Владата ја замрзна цената на лебот и ја укина субвенционираната енергија за прехранбената индустрија

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2023 17:39

Добивај вести на Viber

На 132-та седница Владата денеска донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб до 33 денари и одлука за укинување на субвенционираната енергија за потрошувачи од прехранбената индустрија. 

Владата донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб, бел и полубел (сечен на парчиња, или цел).

„Највисоките цени на производите, според предлогот од Министерството за економија, се утврдуваат во висина на цена којашто изнесува 33 денари по леб, со тежина којашто изнесува 450 грама и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува висина до 33 денари по леб, односно цена што ќе биде во сооднос со тежината на лебот. Вака утврдените највисоки цени на производите, со оваа Одлука е предвидено да се применуваат до 31 мај 2023 година. Во образложението од Министерството за економија е посочено дека, во најголем дел, производителите на пекарски производи, веќе три месеци се корисници на субвенционирана струја, а намалувањето на цените на белиот леб не е на соодветно ниво, поради што е оценето дека треба да има ограничувања на цени на посочените видови леб. Владата донесе и Одлука за престанување на важењето на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија“, велат од Владата. 

Со оваа одлука, престанува да важи Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.232/22 и 247/22). Оваа одлука беше донесена на седница на Владата одржана на 30 октомври 2022 година и со неа се овозможи одредени потрошувачи на електрична енергија, физички и правни лица, од областа на прехрамбената индустрија, во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, да можат да склучат договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопје по цена од 80 евра/MWh, заради заштита на животниот стандард.

По извршените проверки од Државниот пазарен инспекторат, според информацијата од Министерството за економија, иако потрошувачите добиваа субвенционирана електрична енергија, тие не ги намалиле цените на своите производи, или ги намалиле незначително, иако дополнително, цените на берзите на електрична енергија во регионот имаа своевиден пад.

Денешната Одлука на Владата за престанување на важењето на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

foto freepik.com/KamranAydinov

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?