Владата ќе се задолжи преку еврообврзница?
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016 18:31
Владата ќе се задолжува со еврообврзница, но уште не е позната сумата.
Ова го најави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски кој изјави дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра.
„Не сум информиран во детали, но од она што го помнам од минатата година, кога СДСМ стави некаков вид на блокада на издавањето на еврообврзницата, тие, таа деблокада ја условија со тоа што обврзницата да биде издадена само за шест месеци, наместо за една година како што претходно беше планирано и како што е вообичаена пракса во секоја држава. Така што претпоставувам дека ќе има потреба од такво нешто и дека Министерството за финансии и Владата ќе пристапат кон тоа бидејќи тоа е нормален начин за финансирање на дефицитот во една држава“ - изјави Груевски.
Бидејќи тогаш Владата позајми 270 милиони евра, најверојатно сега вредноста на задолжувањето би изнесувала 230 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




