Владата ќе се задолжи со нова еврообврзница од 650 милиони евра
Објавено во: Економија 08 Јули, 2016 12:33
Владата одлучи да се задолжи преку издавање на еврообврзница на максимален износ од 650 милиони евра.
Новото задолжување ќе се реализира во текот на оваа година. Ќе се отплаќа 10 години и ќе биде издадена преку Дојче банк.
Оваа одлука е донесена на 21 јуни и веќе е објавена во Службениот гласник.
Со парите ќе се покрива буџетскиот дефицит за оваа и следната година и ќе се рефинансираат стари долгови.
Ова ќе биде петта по ред еврообврзница што ќе ја издаде земјава која ќе има и највисок износ.
Во изминатите неколку години Македонија издаде четири еврообврзници со кои се задолжи за 825 милиони евра. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година, на износ од 150 милиони евра со камата од 4,6% и таа беше исплатена.
Втората еврообврзница е издадена во јуни 2009 година, на сума од 175 милиони евра со камата од 9,8% и таа е отплатена пред три години.
Третата еврообврзница изнесуваше 500 милиони евра и беше издадена во јули 2014 година. Каматната стапка за враќање на позајмените средства изнесуваше 3,97% со рок на отплата од 7 години.
Четвртата еврообврзница е издадена минатата година на износ од 270 милиони евра, наместо како што се планираше на износ од 500 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




