Владата ќе спасува уште едно јавно претпријатие со 150 милиони денари
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021
Владата
на една од последните владини седници на 8 јуни разгледувала точка за
преземање итни мерки за обезбедување еднократна неповратна финансиска подршка
во износ од 150.000.000 денари на Јавното претпријатие „Национални шуми”.
Од Владата не добивме навремен одговор кога и како би била исплатена оваа сума, но од тукушто објавениот извештај на јавното претпријатие за стопанисувањето со шумите може да се види дека во 2020 има намалени приходи за околу 230 милиони денари.
„Средствата за финансиска поддршка од 100 милиони денари се предвидени со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021, кој е утврден на седница на Владата“, гласеше подоцнежниот одговор кој го добивме од Владата, од каде што тврдат дека сепак со Ребалансот на буџетото предвидено е сумата да изнесува за 50 милиони денари помалку.
Од таму велат дека се работи на измена на моделот на функционирање на претпријатието за да не се таложат загуби во иднина, при што главни приоритети се меѓудругото оптимизација на процесите, рационализација на трошоците и унапредување на заштитата на шумите.
Годината 2020 претпријатието за прв пат по подолго време ја завршува со загуба и тоа од 83,4 милиони денари, за разлика од една година претходно, кога добивката изнесувала 24,7 милиони денари.
„Национални шуми“ сепак има долгогодишно побарување од државата во висина од 164 милиони денари. Има 1.800 редовно вработени работници, а во текот на минатата година биле ангажирани 446 лица на определено време со одобрување од Министерството за финансии.
Од планираното, за 507 милиони денари е помала продажбата на огревно дрво, а за 180 милиони помалку е техничкото дрво. Планот за сеча бил остварен само со 71 отсто, дотурот бил намален за 19 проценти, а намелен бил и превозот, особено кај огревното дрво кој е паднат за 32 отсто од планираната количина. Минатата година биле набавени 15 теренски возила, но сепак намален бил и превозот,
Од почетокот на корона-кризата Владата директно од буџетот финансиски помага повеќе јавни претпријатија кои се најдоа во отежната ситуација, а кои инаку се самофинансираат редовно од своето работење. Годинава на Тутунскиот комбинат Прилеп му беа исплатени 100 милиони денари за да биде откупен тутунот, а лани за „Македонија пат“ беа префрлени 180 милиони денари преку ЈП „Државни патишта“.
„Водостопанство“ доби 36 милиони денари, на Градски трговски центар - Скопје му беа исплатени 17.853.090 денари, како и ЈП Паркови и зеленило - Скопје со 10.788.000 денари од Владата.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.