Владата повторно додели земјиште на фирма обвинета во „Адитив“
Објавено во: Економија 11 Јуни, 2025 12:39
Владата повторно дозволи да му се издаде под закуп огромно земјоделско пространство на „ХемАлијанс“, фирма обвинета во случајот „Адитив“, чие судење започна пред две недели кое се однесува на набавката на хемиски препарат против созадавање на згура и троска во котлите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.
Во случајот обвинети се 31 физичко и пет правни лица, а „ХемAлијанс“ е една од обвинетите правни субјекти. Обвиненијата вклучуваат и пререгистрација на правни субјекти за манипулација со тендери, како и перење пари во износ од над 414 милиони денари.
Меѓу обвинетите се и шест поранешни директори во Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски кој е во бегство, Васко Стефанов, Пеце Матевски, Ардијан Муча, Данчо Стојановски, како и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е поврзан со семејната фирма „ХемАлијанс“.
Владата на седницата на 3 јуни донела одлука за согласност за случување на договор за закуп со оваа фирма за земјоделско земјиште во неготинско Пепелиште од над шест хектари во непосредна спогодба.Семејната фирма на Стојановиќ, поранешен директор на термоцентралата во Неготино, инаку осомничен во случајот „Адитив“ но и под лупа за најмалку уште една спорна јавна набавка, и претходно во февруари од Владата доби дозвола за долгогодишен закуп на државно земјоделско земјиште.
Се работи за површина од над 7 хектари која на владина седница на 4 февруари е доделена на Хем-Алијанс Неготино. Земјиштето се наоѓа на катастарска парцела во Пепелиште,од каде е и самата фирма. Министерството за земјоделство добило дозвола од Владата во рок од 30 дена да го потпшише договорот за закуп.
Пред повеќе од две години Хем-Алијанс доби тендер од 630 илјади евра за набавка на „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел “ за потребите на РЕК Битола, додека Стојановиќ беше директор на ТЕЦ Неготино. Оправдувањето од Електрани на Македонија тогаш беше дека набавката е спроведена во РЕК Битола и истата во никој случај не се однесувала за ТЕЦ Неготино.
Во декември, кога беше отворен случајот, Милица Стојановиќ, сопруга на Небојша Стојановиќ се повлече од директорското место на Хем-Алијанс од Неготино, а нов раководител е Стефка Стојанов. Сопственик на фирмата е Мирко Стојановиќ.
Иако основната дејност на Хем-Алијанс е одгледување на лозје, трите подружници се трговија на големо со хемиски производи, производство на друг мебел и „дејности на советување во врска со работењето и останато управување“. Приходите на оваа фирма достигнале до 3 милиони евра, иако лани биле помали.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




