16 Јануари, 2025
0.0288

Владата распиша оглас – на улица “Македонија“ ќе се гради објект на Службата за општи и заеднички работи

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

На огласот може да конкурираат само градежни фирми, домашни и странски со минимум 5 милиони евра евра годишен обрт за секоја од последните три години. Меѓу градежните компании се отвора дилемата дали Владата со овој услов ја стимулира или ограничува конкуренцијата? Владата реши – во централното градско подрачје во Скопје, на улицата “Македонија“ ќе гради административен објект за потребите на Советот за радиодифузија, за Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката и за Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки, изведбата на градежните и на градежно занаетчиските работи на овој објект треба да завршат во рок од 18 месеци од датумот на потпишувањето на договорот со потенцијалниот инвеститор. Потенцијалниот домашен или странски инвеститор, или пак, конзорциум од градежни компании за да се квалификуваат на овој тендер ќе треба да приложат најмалку три потврди издадени од набавувачи за кои е извршена претходна изградба на објекти од високоградба во последните пет години, или објекти во градба во земјата или во странство чија квадратура не е помала од 10. 000 метри квадратни и вредност поголема од 10 милиони евра. Владата ги обврзува инвеститорите писмено да изјават дека ќе достават банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во висина од 5% од вредноста на договорт, без ДДВ и гаранција за време на гарантниот период во висина од 2% од вредноста на договорот без ДДВ, доколку бидат избрани за најповолен понудувач на огласот. “ Доказ дека инвеститорот располага со високостручен кадар со работно искуство од најмалку пет години од струките : архитекти (минимум 3), градежни-инжењери (минимум 5), машински-инжењери (минимум 2), електро-инжењери (мнимум 2), ѕидаро-тесари (мнимум 30), армирачи (мнимум 20), бравари (минимум 15), фасадери (минимум 15), водоинсталатери (минимум 10),  електричари (минимум 10), кранисти (минимум 3). Доказ за сопствена минимална механизација и опрема со која располага понудувачот: два  багери со снага поголема од 100 КВ, два вибронабивачи, пет камиони со носивост поголема од 15 тони, два кранови со стрела поголема од 4 метра и две автодигалки со носивост поголема од 50 тона“, пишува во огласот на Владата за изградба на објект во кој ќе се сместат Советот за радио дифузија, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор  и за Службата за општи и заеднички работи на Владата. Ако се земе предвид дека објектот ќе се гради во централното градско подрачје, кадешто сите објекти имаат барокен стил, најверојатно и оваа зграда ќе се гради во склад со околните. Дел од градежните компании во земјава се сомневаат дали Владата со пропишаните услови во тендерот сака да ја стимулира или да ја ограничи конкуренцијата меѓу понудувачите?! Тие неофицијално коментираат дека мал број домашни компании ќе можат сами да се јават на тендерот. За нив дополнителен проблем е и неликвидноста со која се соочуваат, како и одложеното плаќање за извршените градежни работи. К.П  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби