Владата во сред криза најде 4,5 милиони евра за софтверски лиценци
Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020
Владата веќе започна да ја отплаќа рекордната набавка што во договор од 15 милиони евра ја склучи изминатото лето за софтверски лиценци. Изминатата недела Владата му префрлила безмалку 4,5 милиони евра, или 258,2 милиони денари, на Крејон Македонија, застапникот на лиценците и софтверот кои ќе се набавуваат од глобалниот гигант Crayon.
Понудата на Аитоникс АД во јули на електронска аукција беше избрана за најдобра, а во август беше склучен договорот во вредност од 899.985.272 без ДДВ во заеднички конзорциум со Крејон Македонија, компанија која беше спорна за опозицијата како новорегистрирана во земјата.
Според рамката, операторот Крејон Македонија ќе набавува софтверски лиценци за Владата, вклучувајќи и други државни органи, јавната администрација и едукативните институции по склучениот тригодишен договор со Генералниот секретаријат. Додека Аитоникс АД е етаблиран оператор во Македонија, за Крејон Македонија јавноста не знае речиси ништо.
Ова е убедливо „најтешката“ софтверска зделка која некогаш паднала на еден тендер, а до сега најголемите такви ги спроведуваше АД ЕСМ, Министерството за информатичко општество и администрација, Народна банка и во поново време Министерството за внатрешни работи, но никогаш сумата не надминала повеќе од 5 милиони евра.
Времетраењето на договорот е три години, а таков е потпишан и со производителот Crayon. Владата кај производителот ќе има право на нови софтверски верзии штом бидат објавени, помош при превземањето на истите и при разрешувањето на евентуални проблеми, како и помош со предавања за корисниците и имплементирањето, а и обука за ИТ-персоналот преку ваучери. Станува збор за софтверски лиценци кои треба да опфатат десетици илјади корисници.
Опозицијата изминатото лето ја предупредуваше власта да не прави трошоци во вид на вакви набавки преку Генералниот Секретаријат за време на криза. Претходно Генералниот Секретаријат спровел постапка за истата јавна набавка која била објавена на 14.02.2020 година, а поништена подоцна по инструкции од Бирото за јавни набавки по Управен надзор. Опозицијата реагираше дека тендерот повторно е добиен на 12 дена пред спроведувањето на предвремените парламентарни избори без поднесена нова намалена цена, односно практично без е-аукција.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.