ВЛАДИМИР ГАШЕВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „РЕПЛЕК“: Нов член ќе биде Томислав Крстевски
Објавено во: Финансии 05 Март, 2024
Независниот член на Надзорниот одбор на Друштвото за медицинско снабдување увоз-извоз РЕПЛЕК АД Скопје, си поднесе оставка од функцијата затоа што ќе стане нотар.
„Со Решение за именување на Нотар од страна на Министерството за правда на Република Северна Македонија, Владимир Гашевски е именуван за Нотар за вршење на нотарска служба на подрачјето на основните судови на градот Скопје. Оставката ја поднесува поради неспоивоста на функцијата Нотар со функцијата член на Надзорен одбор во трговско друштво. На седницата на Надзорниот одбор одржана на ден 05.03.2024 година за Вршител на должност – член на Надзорен одбор на РЕПЛЕК АД Скопје до наредното Собрание на акционери, е именуван Г-дин Томислав Крстевски“, се вели во соопштението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.