Владимир Здравев отвора хотел во Италија
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2019
Владимир Здравев,
поранешниот претседавач на Советот на општина Центар и екс директор на МЕПСО,
отвора хотел во италијанскиот град Трст. Станува збор за „Солун хотел и Спа“, ист каков што Здравев има и во центарот на
Скопје. Според информациите од хотелот, објектот почнува со работа деновиве,
откако пред шест години почнала изградбата. Станува збор за еко - хотел кој ќе
биде прв од ваков тип на Балканот.
Бизнисменот кој сега успешно раководи со хотелскиот бизнис, деновиве ќе почне да ги угостува клинетите на Солун Хотел и Спа и во италијанскиот град Трст.
„Бидете подготвени за нов елегантен и стилски хотел кој дефинитивно ќе го укаред вашето срце со со неговиот суптилна, но елегантна надворешност, прекрасен лоби простор и простории дизајнирани со допир на елеганција измешани со совршено украсен шарен ентериер, сти во објавата од Хотел Солун.
Владимир Здравев
чекори во овој бизнис откако претходно беше на високи позиции во сега опозициската
партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој претседаваше со Советот на Центар во мандатот од 2009
до 2013 година. Поранешниот градоначалник Андреј Жерновски во еден наврат рече
дека Здравев имал клучна улога во реализацијата на проектот Скопје 2014 година
и во тоа време дури осум пати патувал во Италија, поточно во Фиренца, верона и
во Милано, каде се правеа делод фигурите и спомениците за овој проект.
Во негово време се донесе и урбанистичкиот план во кој се дозволи на локацијата во центарот на градот да се изгради зграда која сега е Хотел Солун.
Од 2008 до 2010 година, Здравев беше директор на МЕПСО.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.