17 Мај, 2024
0.0291

Владин коалиционен партнер бара рестриктивни движења на дизел-возилата

Објавено во: Економија 27 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Коалициониот партнер на СДСМ на Лиле Поповска од владата бара да забрани користење на дизел возила во централните зони на Скопје и други поголеми градови во Македонија. 

“Намалувањето на употребата на дизел горивата е светски тренд и голем број градови во светот веќе најавија забрана за дизел возила во централните зони. Ова е само една од многубројните мерки за намалување на аерозагадувањето кое потекнува од сообраќајот, паралелно со мерките за намалување на аерозагадувањето од загревањето на објектите, градежништвото и индустријата. Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија е причина за над 1300 смртни случаи и ги чини нашите граѓани преку 253 милиони евра годишно”- изјавила пратеничката Маја Морачанин во собраниската расправа во врска со употребата на дизел горивата.

Со цел намалување на аерозагадувањето и борба против климатските промени, голем број држави најавија забрана за продажба на нови автомобили кои користат бензин или дизел од 2030, односно 2040 година. Собранието на Република Македонија го ратификуваше Парискиот климатски договор, со што презема обврска за намалување на емисиите на стакленички гасови, пишува Морачани на сајтот на ДОМ. 

Доколку ова барање на “Зелените” биде усвоено Македонија ќе остане без такси превоз и автобуси во централните градски зони затоа што најголем дел од овие возила се со дизел мотори.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија