05 Декември, 2025
0.7108

Владин проект: Европски пензионери во македонски старечки домови

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2013 21:06

Добивај вести на Viber

Со почетна цена на земјиштето од 1 евро за квадрат, намалена ценa за комуналиите од 95 проценти, но и со поволни кредити преку Македонската банка за поддршка на развојот, ќе се стимулира изградба на приватни детски градинки и домови за стари лица. Како што информира вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, ќе се менуваат и закони, за ваквите домови да може да ги користат и странци. Пешевски вели наскоро, ќе се спроведува поширока промоција на овој пакет поволности и за македонските , но и за странските инвеститори пред кои ќе се понуди уште поголема палета за можни инвестиции во земјава. „Надоврзана со активностите кои се спроведуваат за промоција на туризмот односно на природните убавини, традиционална храна и се друго што е предност на Македонија, како и пониските цени во однос на другите пазари очекуваме и ниските цени во установите за стари лица очекуваме позитивно да влијае на здравствениот туризам“, изјаи вицепремиерот Пешевски кој уверува дека ниската цена на сместување во приватните домови во земјава, споредена со онаа во ЕУ комбинирана со добрата клима, природа и храна, ќе ги заинтересира старите Европјани во дом да се сместат во Македонија. Од друга страна, вели Пешевски , со пакетот мерки за изградба на приватни детски градинки странските инвеститори кои веќе имаат изградено и отворено фабрики со поголем број на вработени во слободните индустриски зони, ќе можат да одлучат во рамките на зоната сами или со партнер, да отворат детски градинки. Во овие градинки, смета вицепремиерот, децата на вработените во фабриките, ќе бидат згрижени по субвенционирани цени во временски периоди кои одговараат на работодавачите и вработените. На прес конференцијата говореше и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој појасни дека законските измени ќе бидат готови наредните два месеци и очекува голем интерес за инвеститорите. Тој најави дека е отворен е кол центар на телефонскиот број 15505 за сите потенцијални инвеститори, а можат да се обратат и на email адресата investicii@mtsp.gov.mk. „Ќе се формира посебен тим кој ќе ги координира активностите, а ќе биде формирана и листа на слободни и подготвени локации на градежно земјиште во Македонија со намена изградба на приватни градинки или старски домови, како и листа на стари и неискористени објекти кои ќе можат да се продадат и преадаптираат за оваа намена“, рече Спасов. Во Македонија веќе има 15 приватни старeчки домови и пет приватни детски градинки.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите