Владината делегација денеска ќе лови инвеститори во Хамбург
Објавено во: Економија 09 Јули, 2013 11:17
Владината делегација за лов на инвеститори, предводена од премиерот Никола Груевски, од Литванија и Франција, денеска заминува за Германија. Во составот на делегацијата се и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
Тие, во соработка со Стопанската комора во Хамбург, ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за отворање и реализација на инвестиции.
Владината делегација ќе оствари и повеќе средби со претставници на повеќе германски компании кои имаат интерес да инвестираат во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




