19 Декември, 2025
0.0433

Владиниот тим ги повика Бразилците да инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 26 Април, 2013 20:23

Добивај вести на Viber

На бизнис-форумот во градот Куричиба, федерална држава Парана,  владиниот тим кој е во посета на Бразил ги повика инвеститорите да дојдат во земјава. Премиерот Никола Груевски се сретнал со раководниот менаџмент на Стопанската комора на Парана, на бизнис форумот каде што присуствувале претставници на компании од областа на информатичките технологии, агробизнисот, земјоделството и туризмот, соопшти владината прес-служба. „Бразил е голема економија, а бразилските компании се повеќе стануваат големи играчи на светските пазари. Има многу бразилски компании кои ги имаат надминато границите на Бразил и Јужна Америка и бараат нови пазари во Европа и други делови на светот. Ние се обраќаме на тие компании, доколку сакаат да влезат на пазарот на Европа, Република Македонија со поволностите кои ги нуди е вистинската дестинација за таков исчекор. Во мојата земја бизнис-компанија може да се отвори само за 4 часа, процедурите за градење на објектот се реализираат во три наместо во поранешните 21 чекор, а државата дава и државна помош за изградба на капацитетот во вредност до половина милион евра“, изјавил македонскиот премиер пред инвеститорите. Според вицепремиерот Зоран Ставрески,  македонија може да се искористи како дестинација од која бразилските компании би можеле со свои капацитети да ги покријат и брзорастечките пазари на Русија, Турција и арапските земји. „На тој начин значително ќе се намалат трошоците на компаниите за транспорт, кои претставуваат значаен дел од вкупните трошоци на производите, а нема да имаат и обврска за плаќање на данок на додадена вредност и царини за инпутите во производството кои ќе ги користат за изработка на своите производи кои одат за извоз“, посочил вицепремиерот Ставрески. Владината делегација продолжува во посета на Аргентина, каде што во главниот град Буенос Аирес ќе бидат остварени повеќе политички и економски средби и настани.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд