19 Декември, 2025
0.4105

Владиниот тим во Мексико, Карлос Слим сака да инвестира во информатичкиот сектор

Објавено во: Економија 30 Април, 2013 20:37

Добивај вести на Viber

Групацијата на милијардерот Карлос Слим ја разгледува можноста за инвестиции во компјутерската технологија во земјава. Според најавите кои стигнаа од кабинетот на премиерот Никола Груевски, мексиканската групацијата „Карлос Слим“, сериозно ја разгледува можноста за вложување во Македонија. Извршниот директор на групацијата, Карлос Слим Јуниор изјавил дека  неговата бизнис групација веќе ги анализира конкретните детали кои би воделе кон конкретна инвестиција. „Тој ја изрази подготвеноста за идно преминување на нивните одлуки во однос на инвестициите во Македонија во многу понапредни фази. Беше покажан и интерес за разгледување на поволностите за инвестиции и во други економски сектори“, стои во соопштението. На средбата премиерот Никола Груевски ги претстави реформите кои се спроведуваат во нашата земја, како и поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори притоа посебно истакнувајќи ги областите и проектите во кои може да дојде до конкретна меѓусебна соработка помеѓу двете земји, посочувајќи конкретни проекти од областа на информатиката и комуникациската технологија, туризмот, енергетиката, производството и останати економски области. Тој изјави дека е потребно да се потпишат договори за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестиции за да се зајакне економската соработка. Притоа повеќе од  200 мексикански компании се запознаа со економските потенцијали на Македонија и поволностите што ги нуди на странските инвеститори на бизнис форум во Мексико Сити.  Владиниот тим во моментов е на инвестициско роуд шоу по Американскиот континент.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра