Владините проекти „Купи куќа купи стан“ и „Купи куќа за млади“- лесно остварлив сон или пак не?
Објавено во: Економија 24 Март, 2016 10:24
Голем е интересот за проектите кои ги нуди владата со кои се овозможува млади брачни парови да дојдат до сопствен дом.
„Купи куќа купи стан“ и „Купи куќа за млади“ вчера им беа презентиран на жителите на Крива Паланка, каде според надлежните голем број на млади покажале интерес.
Овие проекти нудат можност со субвенции од Владата да основате сопствен дом.
Колку можете да заштедите преку проектот „Купи куќа за млади”?
Пресметките покажуваат дека преку проектот „Купи куќа за млади” може да се заштедат и до 33 000 евра, тврди вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
раѓаните кои ќе се одлучат да бидат дел од проектот „Купи куќа за млади“ можат да избираат меѓу две опции.
И тоа 100 отсто субвенционирање на учество, за кредит од 50 илјади евра, односно неповратната помош од 12.500 евра и варијантата за субвенционирање на 80 отсто од месечната рата во период од 8 години и 50 отсто во следните 3 години, што е помош од 6.500 до 32.500 евра без обврска за враќање на парите.
За помала куќа до 100 квадрати, потребен е кредит од околу 30.000 евра. За кредит од 30.000 евра од прилика доаѓа месечна рата којашто се движи околу 200 евра месечно. Тоа значи дека првите осум години, граѓанинот ќе плаќа само 20 отсто, односно 40 евра месечно, додека Владата ќе ги плаќа останатите 160 евра, односно до вкупната месечна рата од 200 евра.
Вториот модел е ако граѓанинот нема пари – готовина, како учество за да добие кредит во банка. На почетокот се даваат тие пари, значи Владата во тој случај 100 процентно го обезбедува учеството.
Услов е апликантот да биде на возраст до 35 години (важи и за луѓе со полни 35 години), насвое име да нема друг стан или куќа (во брачна заедница ова важи за двајцата брачни другари). За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.
Инаку, за реализација на проектот „Купи куќа за млади” општинните во наредните неколу месеци на продажба ќе нудат изградба на куќи со почетна цена од едно евро за метар квадратен.
Овие подготовки следат откако Владата предложи финансиски да ги поддржува општините во спроведување на проектот. Таа ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, посебно оние кои ќе обезбедат 100 и повеќе локации за куќи и тоа преку Програмата за рурален развој.
СИТЕ ДЕТАЛИ: Kако да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“
„Купи куќа за млади“ е наменет за млади до 35 години .
Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот, односно Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.
За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:
– Да нема повеќе од 35 години,
– Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката,
– Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат помали од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде помала од 900 евра,
– Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар
– Да нема подигнато друг станбен кредит
– Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година).
Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна: Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува, треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски, да извади градежна дозвола, да склучи преддоговор со градежник изведувач и да поднесе апликација во банка
Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“.
Субвенција на учество преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на целото учество (25% од кредитот). Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.
Дополнително се заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.
Преку моделот Субвенција на рата граѓанинот може да ја користи поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




