26 Јуни, 2024
0.0296

ВЛАСТА НЕМОЌНА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО БОМБИТЕ, граѓаните револтирани и нервозни бараат конечно решение

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Денеска нови дојави за бомби пристигнаа во дури 66 училишта во главниот град, и во едно училиште во Прилеп. Дојава пристигнала и до една градинка. Утринава со свои статусти за закани во основните училишта се огласија градоначалниците на општина Гази Баба и Ѓорче Петров каде заканувачки мејлови пристигнале во сите освновни училишта. Но, тие не се единствените, закани притигнаа и во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ и ОУ „Коле Неделковски“ во ценарот на Скопје, но и други училишта.

-  Во сите основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. Сите во моментов се наоѓаат на безбедни локации. Очекувам експресна реакција од надлежните служби за јавен ред и мир и безбедност и истовремено најостро го осудувам овој чин. Апелирам што поскоро надлежните институции да преземат итни чекори. Оваа појава мора веднаш да се искорени. И децата и родителите се вознемирени, а дојавите за бомби, за жал, ни станаа секојдневие – напиша градоначалникот Александар Стојковски на својот Фејсбук профил.

Новите дојави предизвика нов бран на револт и гнев кај родителите, кој панично брзаа да ги преземат децата од учителките кои ги изнесуваат од училиштата веднаш штом стигнат дојавите. Но, најголем дел од нив се револтирани бидејќи заканите се повторуваат предолг период и никако да се најде од каде потекнуваат, ниту пак да се стави крај на заканите по животот на најмладите.

Револтирано коментираат дека МВР со месеци не може да го нјаде сторителот, што според нив е недозволиво.

-  Колку и да доаѓаат од надвор заканите, колку и да е тешко да се влезе во траг на испраќачот, сигурно дека има начини да се стави крај на оваа параноја. Знаеме дека сите досегашни дојави се лажни, но сепак, тоа не значи дека не стравуваме за децата. Дополнително што мора да излегувам од работа, да трчам да го земам детето од учителката, а има родители кои не можат и да излезат од работа, па зимаме по неколку деца – вели една револтирана мајка која се јави до рекацијата на Фактор.

Но, таа не е единствената која е револтирана од дојавите кои никако да престанат. Многу жители на главнот град се веќе фрустрирани од повторувањето на дојавите и бараат конечно решение на проблемот.

-  Денеска немаме дојава, но во училиштетот каде учат моите деца имаше дојави кога беше најладно. Децата на ладно чекаа да ги земат родителите. Јас воопшто не бев во можност да излезам, морав да го замолам брат ми да ги земе, среќа што имам кој. Има родители кои не можат да излезат, и децата остануваат долго на отворено.  Дополнително што после стоењето надвор на ладно, децата се разболеа. Да не зборувам што со денови мора да зборуваме за бомбите, што е тоа, да се објаснуваме, со оглед дека се мали – вели една мајка на првачиња во училише во населбата Аеродром.

Но, загриженсота не е само кај родителите на деца од основните, туку и на оние со деца во средните учишта, и воопшто загриженоста кај граѓаните е голема бидејќи дојави има и во разни трговски центри, на меѓународниот аеродром во Скопје, во хотели, во згради...

Надлежните постојано смируваат, и велат се работи на случајот, но случајот трае предолго и граѓаните бараат да се најде конечното решение наместо само да се ветува.

Министерот Спасовски пред неколку дена посочи дека заканите до институциите се дел од хибридната војна, исто како што се и лажните дојави за бомби во училиштата, трговските центри и институциите, кои многукратно се зголемиле по руската агресија на Украина.

- Хибридните напади ќе бидат и многу пожестоки, а ако се согледа колкава разорна моќ имаат, може да бидат многу поопасни од конвенционалните. Овие напади се реалност не само што се случува кај нас, туку и пошироко. Истрагите кои се однесуваат на заканите за поставени експлозивни направи и оние кои се од ИП адреси за кои може да се докаже, веќе се изведени пред лицето на правдата. Очекуваме дека ќе ги обезбедиме сите докази за уште пет до шест случаи – кажа  неодамна.

Со сличен став деновиве излезе и премиерот кој исто така посочи дека сајбер нападите се закани кои се зголемиле по војната која се води во Украина.

- Хибридна војна со сајбер напади, хакерски напади, дезинформации, практично нов начин на војување. Тоа има неколку цели: прво да направи блокада на клучни витални системи во држави кои се членки на НАТО, на ЕУ, коишто се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи кои опслужувааат голем број на граѓани и трето да направат еден систем на дезинформации во државите кои на крајот од денот оди во насока и корист само на оние кои не сакаат да го видат нашиот регион дел од ЕУ или дел од НАТО - изјави Ковачевски пред неколку дена.

Тој дополни дека слично како лекарите за време на пандемијата, сега има луѓе што работат 24 часа без да си ги видат семејствата.

-  При оваа хибридна војна, повторно има луѓе кои работат 24 часа. Тоа се ИТ инженери, кои работат во институциите. Ние имаме формирано и специјален тим во МВР, во кој учествуваат ИТ инжинери од Агенција за разузнавање и од Агенција за национална безбедност. Тие луѓе имаат имиња и презимиња, но ние не ги знаеме бидејќи никогаш немале можност да бидат дел од јавна дискусија. Меѓутоа, и тие работат 24 часа на ден – објаснуваше Ковачевски.

Додека надлежните си ја префрлаат топкаат и укажуваат дека е тешко да се пронајде или да се пресретнат заканите, агонијата за граѓанит продолжува и тие бараат власта час поскоро да покаже дека е сервис на граѓаните и да најде решение на овие закани.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра