Власта во Србија очекува намалување на трошоците за 37 милиони динари
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2013
Власта во Србија очекува трошоците да бидат намалени за 37 милијарди динари, а дефицитот на крајот на годината да биде 177 милијарди динари. Предвидено е Владата во понеделник да ја прифати ревизија на буџетот, а до крајот на следната недела да биде разгледана и од пратениците.
Мерките на Владата предвидуваат поголема наплата на даноците и борба против сивата економија.
Со кратење на трошоците за набавки и за субвенции од околу 40 милијарди динари, владата во Белград планира да го сведе минусот во државната каса на 170 милијарди динари, што е 4,7 проценти од БДП.
Државните плати и пензии во Србија нема да бидат замрзнати во октомври, туку ќе следи зголемување од 0,5 отсто, а заштедите во буџетот ќе се остварат со кратење на набавките, субвенциите и на другите трошоци. Ова е одлуката што ја донесе врвот на српската владејачка коалиција како противдоговор на кризата, пренесува белградска „Политика“.
Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ, изјави дека по усогласувањето на антикризните мерки, до крајот на неделата ќе следи утврдување на предлогот за ребаланс на буџетот на владина седница. Потоа, за една-две недели се очекува собраниска расправа за ребалансот.
Српското министерството за финансии и стопанство предложи најмногу да се намали токму неговиот буџет и тоа за околу 5,6 милијарди динари. Kако што изјавуваат оттаму, со тоа сакаат да дадат личен пример за да може истото да го барат и од другите министерства.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.