21 Декември, 2024
0.0274

Влатко Ѓорчев го кочеше зголемувањето на минималната плата, сега ќе добива три просечни

Објавено во: Економија 06 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот долгогодишен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, како назначен национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, од страна на Владата со одлука за утврдување на коефициенти ќе добива нето-плата од околу 105.000 денари месечно.

Како и за другите национални координатори, така и за новововедената функција на поранешниот гласноговорник на владеачката партија му е одреден коефициент од 2,87 кој се множи со просечната национална нето-плата за минатата година.

Платата на Ѓорчев ќе беше многу поголема доколку претходната власт под притисок на јавноста не ги намалеше коефициентите на платите на именуваните функционери. Коефициентот за националните координатори од 3,3 се намали на 2,87. Одлуката беше донесена во март предизборно, откако започнаа коефициентите да се множат со целата просечна плата. Сепак, и без тоа платата за функционерите забележително се зголеми откако просечната на национално ниво имаше висок раст поради инфлаторскиот притисок. Прилично висок раст бележи просечната плата и оваа година, па се очекува Ѓорчев да има уште поголема во 2025.

Ѓорчев последната државна функција што ја вршеше, пред да биде назначен за национален координатор, беше пратеник во парламентарниот состав до 2020 и ја водеше собраниската комисија за труд и социјална политика, при што тогашното владеачко мнозинство често го прогласуваше за највиновен што не можеа да се изгласаат законите за зголемување на платите во образованието, минималната плата и пензиите.

Во 2019 долг период беше обвинуван од пратениците на СДСМ дека не сака да закаже продолжение на седница на ова собраниско тело на која би се разгледале законските измени за зголемување на пензиите за 900 денари. Беше посочен дека ги кочи дискусиите и ја прекинува седницата за предлог-законот за зголемувањето на минималната плата истата година на тогашни 14.500 денари. Тој тогаш прашуваше дали има финансиска одржливост за вакво зголемување на минималната плата. Во 2020 пред парламентарните избори, непосредно пред распуштање на Собранието, Ѓорчев не ги закажуваше седниците за зголемување на платите на професорите во високото образование за 10 отсто, иако преговорите беа завршени со синдикатот.

На последната владина седница Лилјана Затуроска е именувана за национален координатор за локална самоуправа, а Верче Мицевска е именувана за национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Тие ќе ја добиваат истата плата како и Ѓорчев. Од претходно, национални координатори во новата Влада се Павле Трајанов, Блерант Рамадани и Солза Грчева. Претходната власт до нејзиното заминување имаше 16 координатори, меѓу кои и неколку заменици.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците