19 Декември, 2025
0.0594

Влатко Ѓорчев пријави недвижнини од половина милион евра и акции во „Стандард и Пурс“ од 275.000 долари

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2024 11:24

Добивај вести на Viber

Новиот национален координатор за демографија во Владата, Влатко Ѓорчев, во анкетниот лист што го доставил до Државната комисија за спречување на корупција навел дека поседува недвижнини од половина милион евра и акции во компании од САД.

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ пријави станбена куќа од 250.000 евра во Бардовци, стан во Кисела Вода со вредност од над 150.000 евра, а од 2022 како подарок добил куќа од околу 40.000 евра и земјиште во трстеник од 53.000 евра.

Некогашниот гласноговорник на својата партија има акции во пет американски и една германска компанија. Најголемиот удел номинално му вреди околу 275.000 долари во фонд на „Стандард и Пурс“ од САД. Останатите удели се со далеку помала вредност.

Од возила, има „фолксваген шаран“ со актуелна вредност од 25.000 евра и „фиат 500“ со моментална проценета вредност од 12.000 евра.

Има шест девизини и трансакциски сметки во земјата и две трансакциски сметки во Хрватска. Во анкетниот лист е наведена дивиденда во износ од околу 2.000 евра. Објавено е името на неговата маркетинг агенција - Г4 Стратегиес анд солутионс.

Платата која ќе ја добива како национален координатор е 112.279 денари нето.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар