Влегуваат во најплатената државна институција: Кои се новите членови на Комисијата за домување
Објавено во: Економија 28 Мај, 2021
Собранието треба да ги избере новиот претседател и тројцата членови на Регулаторната комисија за домување. Владата го предложи Зоран Маџовски за претседател на оа регулаторно тело кое во јавноста стана познато најмногу по високите месечни плати. Впрочем неколку истражувања, а извештаите на комисијата докажаа дека членовите на оваа комисија ги земаат највисоките плати од сите регулаторни тела во земјава, највисоки и од сите институции во државата, се разбира и од тие на премиерот и претседателот. За членови на Комисијата во новиот состав Владата ги предложи Башким Алили, Сеад Личина и Зоран Павловски. Нивните биографии веќе се стасани во Собранието, но точката за избор не е дојдена на дневен ред.
Откако ќе ги изгласаат пратениците во Собранието тие ќе седнат на позициите во Комисијата. Моментно таму претседател е Ракип Малоски, а членови на Комисијата се Илија Китаноски, Башким Алили, Катерина Димеска и Љубинка Корабоска. Алили значи ќе добие уште еден мандат, на кој има право. Законски, Регулаторната комисија е составена од претседател и четири члена, кои се
именуваат врз основа на јавен оглас, а ги именува Собранието, со мандат од пет години, со право на уште еден реизбор.
Маџоски е поранешен директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, а има и друго искуство во комуналните дејности по државните институции. Истражувањето „Движење на платите на дел од институциите во јавната администрација“, што ја изработи Фондацијата за демократија Вестминстер во рамки на проектот „поддршка на македонската парламентарна реформа“, финансиран од владата на Велика Британија од 2016 година покажа дека вработените во Регулаторната комисија за домување се едни од најплатените во земјата. Тогаш просечната бруто плата по вработен во оваа институција изнесуваше над 136 илјади денари.
Регулаторната
комисија за домување се финансира од Буџетот, приходите остварени од вршење на работите од својата надлежност,
средства утврдени со други прописи и донации.
Во Буџетот за 2020 година за
Регулаторната комисија за домување се одобрени средства во висина од
9.167.000 денари. За основни плати потрошени се 4.323.475 денари, пишува во полугодишниот извештај кој се однесува за периодот од јули до декември лани.
КОИ СЕ НАДЕЛЖНОСТИТЕ НА ОВАА КОМИСИЈА
Според законот Комисијата треба да се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на
населението, согласно со современите стандарди за квалитетен живот,
заштита на животната средина и природата. Треба до министерот надлежен за работите од станбено-комуналната област да поднесе предлог за висината на износот за посебните делови од
резервниот фонд, најниската вредност на истиот, како и за видот на
трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во
зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата
и видот на материјалот од кој е изградена зградата. Оваа комисија врши категоризација на станови и станбени згради, а и ги издава, продолжува и одзема лиценците за управител за вршење на
дејностите на управување со станбените згради и води регистер на
управители на станбени згради, а има и други наделжности.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.