19 Декември, 2025
0.0369

Влезе ли Ердоган во стапицата на „Исламската држава“?

Објавено во: Балкан 28 Јули, 2015 14:13

Добивај вести на Viber

Турција конечно реши да се активира против терористите на „ИД“. Од промената на курсот на Анкара сепак заработија и двете страни. И уште една поволност за Турција: таа конечно најде начин како да стави крај на мировниот процес со „ПКК“.

Секој против секого и сите против „Исламска држава“ (ИД). Токму тоа го сакаат и џихадистите, тврди поранешниот професор по политички науки на Универзитетот во Бон и експерт за прашањата на безбедноста Кристијан Хакет. „На овој начин „ИД“ сака да покаже дека е водечка сила на Блискиот Исток“, посочува тој.

Минатиот понеделник турски борец на „ИД“ изврши самоубиствен напад во турскиот пограничен град Суруч при што загинаа 32 лица. Во текот на викендот пак џихадистите бомбардираа турски гранични полицајци. Како одговор, турската борбена авијација бомбардира од петокот наваму позиции на терористичките групации.

Воздушните напади бележат суштински промени во курсот на конзервативната турска влада на претседателот Ердоган - досега тој стоеше настрана во борбата против „ИД“, бидејќи организацијата се бори и против непријателите на Турција - омразениот сириски претседател Башар Асад и пред сè против курдските груапации пешмерга и единиците на „ПКК“ . „ПКК“ и блиските до нив групации во Ирак се борат за создавањето на курдска држава, која опфаќа и турска територија.

Крај на премолчената соработка

Долго време Турција не презема ништо против активностите на „ИД“. Во исто време во неа минуваат и се радикализираат млади засилувања од Европа, кои се влеваат во редовите на „ИД“. Стотици Турци исто така се борат во Сирија на страната на џихадистите. Други околу 3 илјади истомисленици и помагаат на терористичката група од Турција. И тоа е само врв на ледениот брег, вели шефот на Одделот за курдски студии на универзитетот во Ерфурт, Ферхадија Јаболковина. „Можно е помагачите да се многу повеќе“, додава тој.

123456

Турските медиуми јавуваат дека повредените исламистички борци од „ИД“ се лекуваат во турските болници на државни трошоци. „Активната поддршка за терористичката организација не е докажана, но турската Влада барем ги остава „ИД“ на смиреност“, вели Јаболковина.

Сега Анкара става крај на оваа пракса. По самоубиствениот бомбашки напад во пограничниот град Суруч, турската борбена авијација се приклучи кон предводена од САД коалиција против „ИД“. Се поставува прашањето зошто џихадистите ја нападнаа единствената држава која досега не беше нивен непријател?

Очигледно тие повторно се обложуваат на силата на својата радикална визија за исламски светски поредок. „ИД“ плаќа реалнополитичка цена, за да се спротивстави на идеолошки умерениот сунитски ислам во Турција под раководство на Партијата на правдата и развојот. „Ердоган требаше да се разобличи како полтрон на Западот. Треба да биде јасно дека Турција не може да биде алтернатива на „ИД“", вели Кристијан Хакет.

Совршено подготвен атентат

Падна ли Партијата на правдата и развојот во стапицата на „ИД“? Од гледна точка на домашната политичка ситуација, таа немаше друг избор, тврди експертот Ферхадија Јаболковина. Со месеци растат тензиите помеѓу турските безбедносни сили и курдските националисти. Неколку дена пред самоубиствениот бомбашки напад во Суруч, членовите на забранетата од Анкара за терористичка организација Курдистанска работничка партија „ПКК“ застрелаа двајца турски полицајци, а „ПКК“ ја презеде одговорноста за нападот.

1234

„Ердоган требаше да дејствува против двете групи. Сето друго требаше да биде истолкувано, како слабост“, вели Јаболковина. А тоа би ја дестабилизирало Турција повеќе отколку сегашната битка на двата фронта. Бидејќи по парламентарните избори, Партијата на правдата и развојот го загуби своето мнозинство, а коалициските преговори не доведоа до ништо. По се изгледа дека се подготвуваат нови избори.

Дилемата пред Ердоган

„Ако Ердоган не преземеше ништо, би изгубил катастрофално на новите избори. И тоа би било катастрофа не само за неговата партија. Затоа за подобро или полошо, Партијата на правдата и развојот е единствената политичка партија која во моментов може да управува во Турција“, вели Јаболковина. Другите партии премногу се разминуваат во своите позиции. Политичките и економските последици од таквото политичко безвластие во Турција би биле непредвидливи, додава тој.

Токму затоа Ердоган и неговата партија би можеле да извлечат корист од напнатата безбедносна ситуација во земјата пред следните избори. Јаболковина, меѓутоа, категорично ги отфрла шпекулациите дека Ердоган свесно барал таков развој или дека дури бил принуден да испровоцира сличен развој. „Тоа би било премногу ризично. Замислете ако „ИД“ започне да обезглавува турски војници. Тогаш со Ердоган е свршено“, заклучува експертот.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација