04 Јуни, 2020
0.0321

Влијание на перењето пари врз економската стабилност

Објавено во: Колумни 21 Јануари, 2020

Перењето пари негативно влијае врз економскиот сектор на тој начин што ги алоцира ресурсите во помалку продуктивни активности. Покрај тоа, перењето пари ги стимулира корупцијата и криминалот што доведува до забавување на економскиот раст.

Оние пари коишто не се перат преку системот на финансиски институции често се пласираат во т.н. „стерилни" инвестиции, односно инвестиции кои генерираат мала дополнителна продуктивност во глобални рамки. За земјите во развој, ваквиот тип на инвестиции претставува сериозен удар врз нивниот економски раст. Уште повеќе, криминалните групи можат да ги трансформираат продуктивните претпријатија во стерилни инвестиции по пат на управување со нив за да го максимизираат профитот од перењето пари. Таквите претпријатија нема да бидат во можност да одговорат на потребите на потрошувачите и да дадат придонес за економскиот раст и развој.

Притоа, перењето пари е ставено во функција на порастот на криминалот и корупцијата, а тоа негативно влијае врз трајниот економски раст. Како што финансискиот сектор претставува продолжена рака на стопанството во една национална економија, така и перењето пари претставува продолжена рака на корупцијата и криминалот. Колку се понеефикасни мерките за спречување перењето пари, толку тоа ќе го стимулира криминалот.

Во тој контекст, треба да се истакне дека перењето пари ги намалува трошоците на криминалците, а на тој начин доаѓа до пораст на нивото на криминал.Додека ефикасниот финансиски сектор поволно влијае врз развојот на производниот сектор, перењето пари поволно влијае врз порастот на криминалот. Колку е полесно да се исперат парите поради неефикасните програми за борба со ова општествено зло, толку перењето пари ќе ги чини криминалците помалку, а со тоа ќе бидат поефикасни во остварувањето на своите цели. Впрочем, ист е случајот и во секоја друга индустрија или деловна активност.

Поголемиот криминал и корупција значат намалување на економскиот раст.Истражувањата покажуваат дека високото ниво на корупција и криминал штетно влијаат врз економскиот развој. Кога корупцијата е придружена со организиран криминал, легитимниот бизнис е обесхрабрен, распределбата на ресурсите е дисторзирана и политичкиот легитимитет е компромитиран. Штетните ефекти по економскиот развој предизвикани од корупцијата и перењето пари се особено забележителни во јавниот сектор во многу земји во развој и земји во транзиција, поради големата улога на тој сектор во националната економија на тие земји.

    д-р Гоце Трајковски 

Во текстот се изнесени лични ставови на авторот коишто не мора да кореспондираат со официјалниот став на Народна банка на Република Северна Македонија 


Можеби ќе ве интересира

Битиќи VS Лазаров: Ќе му помогнат ли ваучерите на домашниот туризам

Битиќи VS Лазаров: Ќе му помогнат ли ваучерите на домашниот туризам

КОВИД-19 - шансата на векот за македонската економија?

КОВИД-19 - шансата на векот за македонската економија?

ФЕР e ...

ФЕР e ...

Хоби или бегање од секојдневјето?

Хоби или бегање од секојдневјето?

Производна ориентација на македонскиот агрокомплекс

Производна ориентација на македонскиот агрокомплекс

Наркоманска лицемерна нација!

Наркоманска лицемерна нација!

Трамп го затвора отвореното небо!

Трамп го затвора отвореното небо!

Тоне ли извозот и извозните компании: Битиќи vs Лазаров

Тоне ли извозот и извозните компании: Битиќи vs Лазаров