ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на донесувањето на законот за СЈО?
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019
Во пресрет на собраниската расправа за Законот за јавното обвинителство и продолжувањето на мандатот на СЈО има нови барања од страна на опозицијата.
Како што пишува весникот КОХА, извори на изданието од работните групи тврдат дека има нови барања за да се постигне консензуц и двотретинско мнозинство потребно за изгласување на законот, но и неговото изгласување да се одложи по првата половина од септември. Иако веќе имало приближување на ставовите за договор за законот за Јавноното Обвинителство, во меѓувреме излегле нови барања на опозицијата.
Од СДСМ сепак остануваат цврсто на ставот дека треба да се најде компромис пред 15 септември, бидејќи ако се премести датумот за гласање на Законот, се преместуват и закажаните судски рочишта што може да создаде дополнителни проблеми за понатамошно процесуирање на предметите.