07 Август, 2024
0.0284

ВМРО-ДПМНЕ ДО ДУИ: Време е да се провери и обелодени што точно сте правеле

Објавено во: Македонија 06 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека после толку години власт и пљачка на државата, Aли Ахмети сега сака да си ги спасува внуците кои добија кривична и сите бандити кои беа дел од неговото лично опкружување, а кои станаа милионери со нула капацитет интелектуален и нула напор, само како што велат, преку кражба на народни пари.

Прашуваат зошто не бараа ветинг кога беа на власт или тогаш му веруваше на неговиот комшија од Зајас, а сега главен обвинител на организиран криминал кој го стави на сила со помош со неговите слуги од СДС.

„Дали ветинг му треба да се открие како од едни просечно ситуирани граѓани кои се занимавале со овчарство како никаде во светот станаа милионери? Дали ветинг му треба да провери како Миле Зечевиќ, Зоран Заев, Венко Филипче лапаа од тендери во РЕК и здравството? И како Муса Џафери и Артан Груби работеа со струја и со подизведувачи на патишта низ Македонија? Му упатуваме порака на Ахмети. Престанете да се криете зад вакви маневри за ветинзи. Доаѓа правда во Македонија и ние ќе ви докажеме дека никој не е над законот! 20 години ја цицавте и уништувавте земјава. Време е да се провери и обелодени што точно сте правеле и вие и сите политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност. За тоа не треба ни меѓународен ветинг, нит бутур. Има закони во оваа земја. Треба само да важат тие закони и да се применуваат за сите подеднакво. Тоа во ваше време не се правеше. Ако се правеше немаше да кажувате вакви панични идеи за меѓународен ветинг. Нема да ве спаси ни ветинг. Тој што крадел ќе одговара“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаваат дека ова е првата работа која Ахмети ја фрла во воздух како хемиска бомба која треба да направи триење меѓу власта и опозицијата и со која Ахмети утре ќе сака да си ги правда постапките за излегување на улица. 

„Зад се ова лежи само стравот на неколку луѓе од ДУИ кои се спремни на се само да си ја спасат слободата. Трагедија е до кое дереџе стигна ДУИ и колку предвидливи се нивните постапки. Впрочем луѓето од ДУИ докажаа историски низ периодов што измина дека нивното удирање во гради со квази патриотски теми е само криење на нивната вистинска желба, а таа е за власт и пари. Го прашуваме Ахмети со какви знамиња ќе протестира кога ќе го брани сопствениот криминал со зелени како партија на зелените како што се ребрендираа пред неколку години кога кажаа дека ги решиле сите етнички прашања тука, или со знамиња на ЕУ како Европски фронт“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ го повикува лидерот на СДСМ, Венко Филипче да не прави мрачни дилови со нив со кои се загрозуваат демократијата и правната држава. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ бара Мицкоски да го смени Гаши, Левица поднесе интерпелација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ бара Мицкоски да го смени Гаши, Левица поднесе интерпелација

ТОШКОВСКИ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ ПЛАНИРА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно

ТОШКОВСКИ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ ПЛАНИРА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно

ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ДИРЕКТОРИ: Ова се новите кадровски решенија

ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ДИРЕКТОРИ: Ова се новите кадровски решенија

ВЛАДА: Награда од 3 милиони денари за кошаркарите

ВЛАДА: Награда од 3 милиони денари за кошаркарите

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница