18 Декември, 2025
0.0442

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ бара Мицкоски да го смени Гаши, Левица поднесе интерпелација

Објавено во: Македонија 06 Август, 2024 21:41

Добивај вести на Viber

СДСМ И ЛЕВИЦА БАРААТ СМЕНА НА ГАШИ

Левица и СДСМ бараат итно разрешување на собранискиот претседател Африм Гаши, а ВМРО-ДПМНЕ е против. 

Двете партии бараат разрешување на спикерот Гаши, кој издал наредба неговото обезбедување „да ја спасува“ косовската претседателка Вјоса Османи од аеродромските служби.

СДСМ бара кривична и политичка одговорност. Го обвини министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дека „удира по самарот“, а ВМРО-ДПМНЕ дека го штити коалицискиот партнер Гаши, „на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони“.

ТОШКОВСКИ ИЗНЕСЕ СТАВ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ СПРЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ДУИ планира дестабилизација на државата. 

Вели дека граѓаните не треба да бидат загрижени за безбедносната состојба во Македонија. 

„Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности“, рече Тошковски, во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ), планира наесен да преземе чекори коишто се во насока на дестабилизирање на државата.

ПОЖАРОТ КАЈ НЕГОРЦИ Е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

Kaко што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола. 

Тој претходно, пред 18 часот кажа дека пожарот стигнал до 50 и 100 метри од првите куќи.

„Пожарот е изгаснат од страна на пожарникарите од Гевгелија, Неготино, Валандово, Кавадарци како и доброволците од Доброволното противпожарно друштво ‘Неготино’ со поддршка на еден армиски хеликоптер. За жал беше зафатена и борова шума. Очекувам многу бргу да биде целосно изгаснат“, изјави Ангелов.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу македонски семејства кои се иселиле во странство или се на привремена работа во некоја европска држава, не се откажуваат од домашно подготвениот ајвар.

Производот е можеби основен, ама подобрувањето на квалитетот и добриот маркетинг покажаа дека луѓето сакаат новини и дека креативноста знаат да ја вреднуваат. Некој модерен тим во компанијата „Жито Лукс“ кој макотрпно работел на промените, има зошто да прослави, откако овој најголем производител на леб во земјава ги објави бројките за пртвото полугодие од годинава.

Губењето човечки животи нема цена, но војната сепак има цена. Во украински случај нив ги чини 4 милијарди долари месечно. Им носи пустош, разорувања, окупирана територија и секојдневно губење млади животи, позиции и територии. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје