06 Август, 2024
0.0298

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола

Објавено во: Македонија 06 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Kaко што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола. 

Тој претходно, пред 18 часот кажа дека пожарот стигнал до 50 и 100 метри од првите куќи.

„Пожарот е изгаснат од страна на пожарникарите од Гевгелија, Неготино, Валандово, Кавадарци како и доброволците од Доброволното противпожарно друштво ‘Неготино’ со поддршка на еден армиски хеликоптер. За жал беше зафатена и борова шума. Очекувам многу бргу да биде целосно изгаснат“, изјави Ангелов.

Од Владата по денешната седница соопшрија дека се дискутирал за пожарите во земјава, за  штетите, но и за причините за толкав број на пожари.

Како причини се наведува дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, најмногу ненамерно, заради палење на стрништа, пасишта и меѓи. Во делот на намерно предизвиканите пожари, беше посочено дека преовладуваат криминални мотиви и има повеќе такви случаи кои се испитуваат“, велат од Владата.

До 13 часот во земјава имаше 16 пожари на отворен простор, од кои 7 активни, 6 под контрола и 3 изгаснати.

фото принтскрин


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ бара Мицкоски да го смени Гаши, Левица поднесе интерпелација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ бара Мицкоски да го смени Гаши, Левица поднесе интерпелација

ВМРО-ДПМНЕ ДО ДУИ: Време е да се провери и обелодени што точно сте правеле

ВМРО-ДПМНЕ ДО ДУИ: Време е да се провери и обелодени што точно сте правеле

ТОШКОВСКИ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ ПЛАНИРА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно

ТОШКОВСКИ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ ПЛАНИРА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно

ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ДИРЕКТОРИ: Ова се новите кадровски решенија

ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ДИРЕКТОРИ: Ова се новите кадровски решенија

ВЛАДА: Награда од 3 милиони денари за кошаркарите

ВЛАДА: Награда од 3 милиони денари за кошаркарите

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница