09 Октомври, 2024
0.0276

ВМРО-ДПМНЕ и Беса ги надгласаа СДСМ и ДУИ во Собранието

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ со помош на пратеникот на Беса, Фадил Зендели, ги надгласаа членовите на СДСМ и ДУИ во Комисијата за избор и именување во Собранието, на лија седница требаше да се гласа за промена, односно за нови директори на неколку јавни институции кои сега се раководени од директори поставени од претходната власт.

Опозицијата сега има мнозинство во Комисијата преку која одат именувањата на функционери што се во надлежност на Собранието. Оваа комисија и досега често беше блокирана затоа што мнозинството при формирањето на комисиите го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ претседател на ова парламентарно тело да биде Илија Димовски.

Инаку претходно  имаше средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со претседателот на Беса, Касами за време на периодот кога требаше да се одржи лидерска средба, но истата беше откажана.

Денес два пати е одложена Комисијата за избор и именување, конкретно на директори и нивни заменици во неколку јавни установи на национално ниво, кои во моментов се предводени од раководства назначени од претходната власт.

Станува збор за назначување на нови директори на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Дирекција за заштита на лични податоци, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.



Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл