ВМРО-ДПМНЕ: И Валид Иса Хмаис добил лажен македонски пасош
Објавено во: Македонија 08 Април, 2021 12:19
Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека „свиркачот“ од МВР им доставил и документи дека Валид Иса Хмаис, логистичар и соработник на италијанската мафија од Балканот, добил македонски пасош со лажен идентитет.
Тој го подигнал пасошот во 2019 откако се фотографирал во македонска полициска станица, тврди Мисајловски.
- Со овој пасош во јанаури полетал од скопскиот аеродром во Турција, а италијанските медиуми објавуваат дека сега е во Маврициус како Вурмо Таќо. Како ниту еден полициски службеник не го забележал тоа? Зошто не се провериле банкарските сметки?, прашува функционерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека очекува обвинителството да покрене случај во кој ќе испита дали има одговорност во повисоките редови на хиерархијата во МВР.- Нека каже обвинителството, за тоа добиваат плата, ние сме само коректор на власта кој треба да обзнани афера, а институциите се тие кои треба да реагираат, рече Мисајловски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





