07 Октомври, 2024
0.0293

ВМРО-ДПМНЕ: Немаше потреба Мицкоски да оди на Советот за безбедност кај Пендаровски

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ соопѓшти дека нејзиниот лидер Христијан Мицкоски не отишол на синоќешната седница на националниот Совет за безбедност што ја свика претседателот Стево Пендаровски затоа што не постоела толкава нужност од истата.

Аргументите на најголемата опозициска партија за неприсуството на нејзиниот претседател се, како што велат од таму, тоа што сеницата била повеќе формална и со „низок степен на класифицираност” на информациите.

„Досега нема воспоставено пракса на присуство на лидер на опозиција на состанок на Советот за безбедност, освен ако тоа не го налага степенот на класифицираност на информациите за кои ќе се дискутира согласно сложеноста на ситуацијата. 

Сегашната средба е со низок степен на класифицираност, односно интерно, што говори за формалноста на самиот состанок и претседателот Мицкоски на истата не присуствува. 

Доколку во иднина се одржи состанок со повисок степен на класифицираност на информациите и тоа би го наложила евентуалната сложеност на состојбите, претседателот Мицкоски во интерес на граѓаните и интересите на Република Македонија изразува подготвеност да присуствува на истата”, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Пендаровски вечерта информираше дека Мицкоски бил уредно, писмено поканет да присуствува на конститутивната седница на националниот Совет за безбедност, но тој не дошол, а не испратил ни повратен одговор на поканата да присуствува во Вила Водно.

„Сметав дека претседателот на опозицијата мора да присуствува по покана од претседателот, затоа што Советот за безбедоност не е приватна институција на претседателот и на седниците на Советот за безбедност не се дискутира за приватни или за партиски работи. Темите на дневниот ред воопшто не се работа само на владината коалиција. 

Моја задача беше да ги поканам сите кои што мораа да бидат информирани за тоа што се случува на планот на безбедноста во земјата и во регионот. Сосема е небитно кој е на власт, а кој е во опозиција”, рече Пендаровски. 

Инаку, Совет за национална безбедност го сочинуваат девет члена. Покрај шефот на државата, по функција членови се и претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров и за одбрана Радмила Шекеринска. На предлог на претседателот Пендаровски, дел од ова советодавно тело се и професорот и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ, Ненад Марковиќ.

„Безбедносната состојба во земјава е стабилна. Нема никакви индикатори ниту внатре во нашите граници, ниту надвор од границите во блискиот и поширокиот регион дека таа би можела битно суштински да се влоши до ниво да го загрози интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија, констатираше Пендаровски вечерта на прес-конференцијата.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер