ВМРО-ДПМНЕ со првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2025 19:43
Според првичните податоци што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, нивните кандидати водат во повеќе општини во вториот круг од локалните избори, вклучително и во трката за градоначалник на Град Скопје.
Во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, според партиските податоци, освоил 34.734 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, добил 16.835 гласови.
Во општина Аеродром, според првичните резултати објавени од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот Дејан Митески освоил 4.130 гласа, додека неговиот противкандидат Александар Трајановски добил 1.560 гласа.
Во Карпош, Сотир Лукровски, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, има 4.750 гласа, а актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски 3.914 гласа.
Во Дојран, Илија Тентов од ВМРО-ДПМНЕ води со 806 гласа, пред Ристо Џинев кој добил 406 гласа.
Во Кочани, Влатко Грозданов, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, добил 1.754 гласа, додека Венко Кртевски од Група избирачи освоил 891 глас.
Во Чучер-Сандево, Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ води со 1.020 гласа, пред Сашко Комненовиќ од СДСМ кој добил 610 гласа.
Во општина Долнени, Сашко Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ добил 1.414 гласа, додека неговиот противкандидат Блерим Ислјами од коалицијата ВЛЕН освоил 502 гласа.
Фото:МИА* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





