07 Октомври, 2024
0.0357

ВМРО-ДПМНЕ ЗА „РЕКЕТ“: Истрагата доцни повеќе од 4 месеци за да се прикријат нарачателите

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Обвинителството не ја води истрагата за „Рекет“ според процедурите, туку свесно ја развлекува и ја турка под тепих, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека сведоци сме изминатиов период на низа неправилности во целата истрага додека ја води обвинителството. 

„Сведоци сме како низ медиумите излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, а обвинителството цело време молчи и се однесува збунето како да не е од оваа планета“, вели тој. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека истрагата за „Рекет“ е девалвирана и компромитирана.

„Кои бизнисмени биле предмет на уцена и им било изнудено пари? Дали е вистина дека со такви материјали кои биле изнесени од УБК бил уценуван многу познат бизнисмен кој го знае јавноста. Чиј роднина има на некој начин исплатено огромна сума пари за да се прикријат истите незаконски дејствија за коишто се споменува дека биле вмешани и малолетни лица? Кои функционери од МВР му ги доставиле истите документи за уцена на Боки 13 и дали се повикани веќе на распит? Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот „Рекет“ доцни повеќе од 4 месеци, а тоа со една цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај.  Едно е јасно. Одговорност мора да има и ќе има. Ако некој мисли дека Русковска ќе го спаси од целиот криминал  што го направил, многу погрешил. Потребни се предвремени парламентарни избори веднаш и потребна е обнова на Македонија која набргу ќе дојде по падот на СДСМ”, додаде тој.

За „Рекет“ тројца осомничени се во притвор, Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. 

Инаку, Специјалното јавно обвинителство излезе со соопштение во јавноста во кое ја истакнува својата загриженост за иднината на овој правосуден орган, бидејќи не е избран нов лидер на местото на притворената специјална обвинителка Катица Јанева без чие овластување не може да работи овој правосуден орган.

Можеби ќе ве интересира

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи