05 Декември, 2025
0.3639

Внимателно со најк, адидас и пума, ова се најчесто фалсификувани производи кај нас!

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2013 14:31

Добивај вести на Viber

Производите од спортските брендови најк, адидас и пума се најчесто фалсификувана стока која стигнува во Македонија, а има потекло од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати, но и соседна Бугарија.

Според податоците на Царинската управа на Република Македонија за минатата година покажуваат дека се откриени 92 случаи на сомневање за повреда на правото на интелектуална сопственост при што привремено се задржани речиси 400 илјади парчиња разновидна стока, од  козметички и текстилни производи, па се до енергетски пијалоци и техничка стока.

Запленетите производи вообичаено потекнуваат од Кина,а во Македонија се транспортирани во контејнери најчесто преку пристаништето во Солун. Стоките со потекло од Обединетите Арапски Емирати пак  доаѓаат преку Турција и Бугарија со товарни возила и тоа најчесто со турски регистарски таблички, покажува статистиката на Царинската Управа.

Доколку се потврди дека привремено задржаната стока по основ на сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост е фалсификат, таа се одзема и се уништува. Само во 2012 година во неколку наврати се уништени вкупно 304.331 парчиња текстилни, козметички производи, обувки, етикети, очила за сонце, техничка стока, како и 18.000 килограми прашок за перење.

Барања за заштита на правата на интелектуална сопственост во Царинската управа доставуваат 10 застапници на брендови во земјава. Од вкупниот број најчесто заштитени трговски марки се текстилот, обувките, модните додатоци. Како што стои во регистарот, во Царинската управа заштитени се вкупно 386 трговски марки.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?