09 Октомври, 2024
0.0276

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАТУВАТЕ ЗА ПРАЗНИЦИВЕ: Одморот може да ви преседне уште на аеродромите - три европски аеродроми се прогласени за најстресни

Објавено во: Свет 27 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Една неодамнешна студија на VisaGuide открива некои од најстресните аеродроми во светот, рангирајќи ги првите 30 аеродроми на глобално ниво, како и оние кои се најголем извор на стрес за патниците во САД. При креирањето на овој извештај беа земени предвид факторите како број на патници, густина, веројатност за доцнење итн.

Во ова истражување биле анкетирани 1.642 патници од 53 различни земји, а секој од нив зел најмалку два меѓународни летови во 2023 година. Целта на студијата е да се идентификуваат факторите кои го зголемуваат нивото на стрес на аеродромите.

Она што најмногу ги загрижува патниците и вработените е: пренатрупаноста, распоредот на просторот кој личи на лавиринт, хроничните одложувања и оддалеченоста од градовите. За многумина, празничната авантура се претвора во топење.

Можеби за некого е изненадување, но на листата, меѓу првите три најстресни аеродроми во светот се оние од Европа: првиот е аеродромот Лондон Гетвик од Велика Британија. Оваа година, поточно кон средината на летото, AirHelp го нарече Лондон Гетвик „најлошиот аеродром во Европа“.

Втор најстресен аеродром во светот е аеродромот во Истанбул (Турција), а на трето место е аеродромот во Минхен (Германија).

Во топ 10 на листата се и: Меѓународниот аеродром Денвер (САД), аеродромот Хитроу во Лондон (Велика Британија), Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес (САД), Меѓународниот аеродром Фиумичино во Рим (Италија), Меѓународниот аеродром Далас Форт Ворт (САД) , Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди (САД) и меѓународниот аеродром О'Харе во Чикаго (САД).

Значи, има мртва трка меѓу Европа и САД, додека аеродроми од Азија, Австралија и Јужна Америка нема.


Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан