Внимавајте „Шанел 5“ прави алергии?
Објавено во: Стил
04 Ноември, 2012 20:43
Добивај вести на Viber
Еден од најубавите светски парфеми „Шанел 5“ предизвикува алергии, соопштија од Европската комисија од каде исто така изјавија дека засега не е во план да се забрани или ограничи продажбата на парфеми и козметички производи за кои е утврдено дека предизвикуваат алергии. Според истражувањата сто состојки содржани во парфемите и козметичките производи можат да предизвикаат алергиски реакции. Во одделни алергенси, како што е мов, кој се користи во производството на познатиот парфем „Шанел 5“ најавено е да бидат целосно забранети. Сепак Портпаролот на ЕК за заштита на здравјето Фредерик Венсен вели дека е „погрешно е да се каже дека Комисијата сака да го забрани „Шанел 5“. Прашање е дали состојките за кои научниците утврдиле дека предизвикуваат алергии треба да се додадат во групата од 26 алергенси кои по сегашниот закон мора да бидат наведени на производите кои ги користат.
- Се уште не размислуваме за промена на законските прописи, рече Венсен, додавајќи дека ЕУ почнала консултации со козметичката индустрија и здружението на потрошувачите по повод резултатите на ова истражување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: