Добивај вести на Viber
Внимавајте што купувате на плажите во Грција. Доколку одите на одмор кај овој наш сосед, треба да знаете дека за купувањето на разни дребулии од големиот број трговци на плажа може да платите казна до 300 евра.
Како што пишува српскиот весник Наше Новине, еден брачен пар од Србија, во Паралија избегнале плаќање на казна од 300 евра, за која што речиси не знае никој. Ти не биле информирани за ваквата казна, па купиле фустан за 10 евра од еден трговец кој продавал на плажата.
За неколку минути по продажбата, околу нив дошле грчки полицајци и побарале да платат казна од 300 евра. Нив ги повикал еден меанџија, кој имал ресторан на плажата.
- Полицајците стигнаа за пет минути. Црнецот беше приведен, а нас не однесоа во полициска станица за да дадеме изјава - изјавила Нада Милојевиќ.
Благодарение на традиционалното српко-грчко пријателство казната им била простена, со препорака да внимаваат од каде купуваат, зашто во Грција е во тек акција против сивата економија, а посебно против продавачите од Африка.
Стопанската комора на Пиреја и Здружението на хотелиерите на почетокот на сезоната делеле флаери на туристите на седум јазици на кои пишувало: „Должни сме да ве информираме дека илегалното купување е противзаконско. Купувачите за тоа дело ќе бидат виновни и гонети и парично казнувани“.
Од туристичките организации во Србија ја потврдиле оваа информација и велат дека овие ригорозни казни за илегална трговија во Грција се применувале строго на островите и летувалиштата на Халкидики.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.