19 Декември, 2025
0.0922

Внимавајте во каква состојба возите во соседството -делат казни и до 2000 евра

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 13:11

Добивај вести на Viber

Висината на казните за возење во алкохолизирана состојба во Црна Гора е и до 2.000 евра, во Србија за пребрзо возење можен е затвор од еден месец. Според податоците на балканскиот Авто-мото сојуз, казнените мерки за прекршоци во сообраќајот се најостри во Црна Гора, каде несовесните возачи кои ќе возат под дејство на алкохол ќе платат и до 2.000 евра парична казна, додека во Србија за надминување на дозволената брзина следи и затворска казна од 30 дена.

Учесниците во сообраќајот кои ќе ги паркираат своите возила а да пречат на регуларното одвивање на сообраќајот, но и тие кои ќе фрлаат отпадоци од автомобилите, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 до 450 евра.

Казната за користење на мобилен телефон во текот на возењето ќе се движи од 60 до 150 евра.

За надминување на дозволената брзина во населено место од 50 км на час, во Хрватска се плаќа казна од 5.000 до 15.000 куни (1.981 евро). Возачите кај кои ќе се утврди над 1,5 промили алкохол во крвта ќе бидат санкционирани со парична казна од 5.000 до 15.000 куни. Некористење на сигурносни појаси ќе чини 500 куни, поминување на црвено светло од 2.000 до 5.000 куни, а користење на мобилен телефон 500 куни.

Во Босна и Херцеговина казните за надминување на брзината можат да достигнат и до 1.000 конвертибилни марки (КМ). За тие кои во населено место возат со брзина над дозволената од 50 км на час, казната може да изнесува од 400 КМ до 1.000 КМ. Казната за возење со две или повеќе промили алкохол во крвта изнесува од 400 до 1.000 КМ.

Во Србија за надминување на брзината во населено место од 51 до 70 км на час, се плаќа казна од 15.000 до 30.000 динари (268 евра), а можна е и затворска казна од 30 дена.

За возење со 1,61 до 2,0 промили на алкохол во крвта, казната достигнува и до 30.000 динари, а можна е и 30 дневна затворска казна.

Надминување на брзината во населени места со над 70 км на час, во однос на максималната дозволена брзина, ќе се санкционира со парична казна во износ поголем од 1.000 евра.

Во Македонија за надминување на брзината од 30 км на час во населено место, т.е. надминување на брзината од 50 км на час надвор од населено место, се плаќа казна од 300 евра. За некористење на сигурносни појаси 20 евра, за возење во алкохолизирана состојба 350 евра.

Меѓутоа, казните за сообраќајните прекршоци во многу европски земји се многу поригорозни.

Во Норвешка за поминување на црвено светло и недозволено заобиколување се казнува со 5.200 норвешки круни (697 евра), а за надминување на брзината до 35 км на час повеќе во однос на дозволената, казната е 7.800 круни (1.045 евра). Во рамки на овие мерки на претпазливост спаѓа и одење на суд за прекршоци.

Во Австрија за возење под влијание на алкохол се плаќа казна од минимални 300 до 5.900 евра, вклучувајќи и одземање на возачка дозвола. За надминување на брзината од 40 км на час, во однос на дозволената брзина во населено место или 50 км на час надвор од населено место, казната е од 150 до 2.180 евра и одземање на возачката дозвола најмалку на две недели.

За непрописно паркирање во таа земја може да се плати казна од 726 евра.

Некористење на сигурносни ремени во Италија и некористење на детско седиште се казнува со парична казна од 76 до 306 евра. За надминување на брзината казната е од 39 до 3.199 евра, погрешно паркирање се казнува од 39 до 318 евра, возење под влијание на алкохол над 0,5 промили од 500 до 6.000 евра, возење под влијание на други опијати 1.500 до 6000 евра, одземање на дозволата и затворска казна во траење од една година.

За надминување на брзината во Германија возачите плаќаат од 15 до 600 евра, за поминување на црвено светло од 90 до 320 евра, додека казната за возење под влијание на алкохол или дроги е 500 евра.

Во Словенија за надминување на брзината над 50 км на час во населено место се плаќа казна од 1.200 евра со можност за одземање на возачката дозвола.

Во Шведска за надминување на брзината во населено место каде максималната дозволена брзина е од 50 км на час се плаќа казна од 2.000 шведски круни (230 евра), а на возачите кои се соочени со ваква казна им се заканува и кривично гонење.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците